Комплексот на Факултети на УКИМ утре без вода

Комплексот на Факултетите и Ректоратот на УКИМ во општина Центар утре ќе останат без вода.

По известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, РЦУК Скопје ги известува граѓаните дека  на ден 27.05.2016 г. (петок), поради изведување на водоводен приклучок  на водоводна мрежа со пречник ф-175 мм  на Бул. Крсте Мисирков бб, во периодот од 08:00 часот до завршувањето на интервенцијата, без вода ќе останат објектите од комплексот на  Факултетите и Ректоратот на УКИМ во општина Центар.