Комплетирано четвртото коло од ракометниот плеј оф

Со натпреварот меѓу Тинекс Пролет – Прилеп 27:21 одигран синоќа беше комплетирано четвртото коло од ракометниот плеј оф.

По овој дуел, Тинекс пролет дојде до втората победа, додека екипата од Прилеп го забележа и четвртиот пораз.

На остаатите две средби, Вардар – Металург 26:18 и Зомимак М – Радовиш 37:33.

Табела: Вардар 12 бода, Металург 9, Зомимак М 6, Тинекс Пролет 6, Радовиш 3, Прилеп 0.

Во плеј офот ќе следува пауза поради настапите на македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство и двата дуела со Франција