Комплетно ќе се реновира градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје комплетно ќе се реновира, најави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.

Комплетно реновирање на градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Се предвидува ставање во употреба и на вториот кат од библиотеката, кој долг период е вон функција, што ќе го зголеми капацитетот за над 200 места. На вториот кат ќе бидат ставени во функција кабини за индивидуално и групно учење, а на располагање ќе биде и просторија со десетина компјутери. Дополнително, ќе се реконструираат и дел од просторите на првиот кат за подобри услови за учење, истакна Груевски.

За оваа намена Градот Скопје инвестира 300.000 евра и започнува со реализација во јануари 2017.

Инаку Груевски денес промовираше шест нови мерки за млади, а претходно најави уште 14 нови мерки од кои дел веќе почнаа да се реализираат. Со ова, за неполни два месеци се промовирани вкупно 20 мерки за млади.