Комплетно реновиран Центарот за социјална работа во Ресен

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов го посети комплетно реновираниот Центар за социјална работа (ЦСР) во Ресен.

Реновирањето и адаптацијата на просториите во центарот е проект којшто го реализираат Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка и има за цел подобрување на просторните и техничко- технолошки условите за работа на вработените од државната управа, во својство на квалитетен сервис на граѓаните.

Овој центар се состои од приземје и кат и има површина од 322 метри квадратни, 11 канцеларии, шалтер сала, гаража, чајна кујна и санитарии. Покрај комплетното реновирање на сите внатрешни простории на фасадните ѕидови поставена е термоизолациона фасада.

Цената на чинење на градежните работи изнесуваше 4.999 070 денари, а средствата се обезбедени од кредит на Светска Банка.

Исто така, во тек се и реновирањата на центрите за социјална работа во Пробиштип, Струмица и Свети Николе со вкупна вредност од околу 15 милини денари.

Министерството за труд и социјална политика започна и тендерска постапка за центрите за социјална работа во: Охрид, Прилеп, Битола, Крушево, Демир Хисар, Гевгелија и Штип. Во тек е избор на изведувач.

Исто така, со средства од ИПА фондовите ќе бидат реновирани уште 18 Центри за социјална работа заедно со дневните центри кои се во рамките на тие 18 центри.