Компромитирачко досие за Трамп му било доставено на сенаторот Меккејн

Досието, коешто наводно содржело компромитирачки материјали за американскиот претседател Доналд Трамп, му било предадено веднаш по претседателските избори на републиканскиот сенаторот Џон Меккејн, објавија во средата во весникот The New York Times, Глен Симпсон и Питер Фрич, челници на вашингтонската компанија Fusion GPS, која била ангажирана за составување на досието.

Според нивните наводи, поранешниот британски разузнавач Кристофер Стил кој непосредно работел на составувањето на досието донел одлука преку посредници собраните податоци да ги сподели со сенаторот Џон Меккејн, познат како остар противник на претседателот Доналд Трамп, и особено на неговите наводно врски со Русија.

„Му помогнавме во тоа“, пишуваат Симпсон и Фрич, истакнувајќи дека „целта беше да се алармираат професионалците коишто се занимаваат со националната безбедност на САД“. Тврдат, исто така, дека тие досието составено на 35-страници не му го доставиле на интернет изданието BuzzFeed, коешто минатата година објавуваше делови од него.

Досието за Трамп содржело непотврдени информации си компромитирачка природа. Во него, посебно, се тврдело дека Москва поседува информации коишто го прикажуваат Трамп во лоша светлина. Првично, составувањето на овие материјали го нарачале републиканци поради незадоволството од тоа што нивниот сопартиец Трамп одлучи да се кандидира за претседател.

Според сознанијата на NYT, кога станало јасно дека Трамп е најверојатниот претендент за претседателската номинација, видни републиканци престанале да го финансираат собирањето на компромитирачките материјали, но активностите во таа насока ги преземала Демократската партија и штабот на нивната претседателска кандидатка Хилари Клинтон.

Самиот претседател Доналд Трамп повеќепати за ова досие рече дека е лажно, и оти претставува пример за „тотален политички лов на вештерки“. Кремљ, пак, рече дека темата за наводните компромитирачки докази во врска со американскиот претседател кои ги поседува Москва е затворена, бидејќи „таквите фалсификати не заслужуваат внимание“.