Македонија

„Комунална хигиена“ се поднови со нови возила

„Комунална хигиена“ се поднови со нови возила

ЈП „Комунална хигиена“ доби нови возила кои треба да ја  подобрат услугата кон граѓаните.

„Во 2009 година ЈП „Комунална хигиена“ го затекнавме со шест стари возила кои го опслужуваа целиот град, а денес ова јавно претпријатие има повеќе од 70 нови возила“, нагласи денеска градоначалникот Коце Трајановски.

Трајановски  промовираше  пет  типа нови што ќе ги користи јавното претпријатие:
– Две специјални комунални возила ( цистерни за машинско и рачно миење на јавни површини, со капацитет на цистерната од 7м3.
– Tри специјални комунални возила за транспорт на садови за отпад (контејнери од 1,1м3).
– Две специјални мултинаменски комбинирани возила со придружна опрема (опрема за чистење снег, опрема за расфрлање сол, приклучок ровокопач, како и приклучок грејдер за рамнење).
– Две специјални возила рол (кипери, наменети за подигање и транспорт на прес-контејнер).
– Четири возила за празнење контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар наменети за подигање на отпадот од тесните улички.

„Вкупната инвестиција во ЈП „Комунална хигиена“ овојпат изнесува околу 55 милиони денари. Сакам да се заблагодарам на моите сограѓани кои редовно си ги плаќаат сметките за подигање отпад што резултира и со зголемување на наплатата на услугите на ЈП „Комунална хигиена“. Ги повикувам граѓаните кои имаат било какви забелешки во врска со работењето на ова јавно претпријатие да ги достават во Градот Скопје или во ЈП „Комунална хигиена“. Заедно ќе ги надминеме сите проблеми – порача Трајановски.

ANE_4939

 

ANE_4939 ANE_4997

ANE_5125