Свет

Комунистичката партија на Кина добила 1,56 милиони нови членови

Комунистичката партија на Кина добила 1,56 милиони нови членови

Кинеската владеачка Комунистичка партија која е најбројна на светот, добила 1,56 милиони нови членови минатата година, покажуваат податоците од партијата објавени денес.

Партијата имала 86,7 милиони членови на крајот на 2013 година, соопштено е од партијата и се додава дека има членство поголеом од вкупната популација на Германија, пренесе АФП.

Повеќе од 90 години откако е основана, Комунистичката партија на Кина е на власт 64 години.

Податоците кои се денес соопштени покажуваат дека годишно бројот на членови растел за 1,8 отсто побавно во однос на 3,1 отсто колку што имала раст во 2012 година, се наведува во соопштението и се објаснува дека регистрираниот пад е резултат на новите контроли спроведени со цел „развој на квалитетот на члненовите на партијата“.

Комунистичката партија на Кина има членови меѓу производителите и студентите, од кои некои се придружиле заради „статус или врски“, а не од политичка лојалност.

Меѓу членовите има 21.1 милиони жени или 24,3 отсто од членството, покажуваат податоците од Комунистичката партија на Кина.