Кон крајот на денот очекувајте дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи особено во североисточните и источните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 27 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степен.

Во недела времето претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник и вторник се уште ќе има услови за појава на локален дожд, но интензитетот ќе биде помал. Дневните температури ќе опаднат за два до четири степени во однос на викендот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.