Кон скопјанка пукано од пиштол додека го шетала кучето

Кон скопјанка која го шетала своето куче од висококататница во населбата Кисела Вода во петокот било стрелано од огнено оружје, но за среќа нема настрадани.

Во петокот утрото Л.Т. пријавила дека шетајќи го своето куче од 14-катницата на булеват„Борис Трајковски“ со улицата „Петар Дељан“, непознато лице од тераса пукало со огнено оружје.

Од страна на полициски службеници на лице место е затекнат А.П. (33) од Скопје, по што бил приведен во полициската станица Кисела Вода и задржан за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На местото на настанот биле пронајдени чаури од пиштол непозната марка, а од лицето била земена парафинска ракавица. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.