Концептот на владата на СДСМ не е реформски, поради тоа не може да се прават реформи

Поранешниот македонски амбасадор во Швајцарија и политички аналитичар, Алајдин Демири, во дебатната емисија „Само Вистина“ жестоко ги критикуваше наводните реформски процеси на владата на Зоран Заев и СДСМ.

Тој вели дека владата на Заев не може да спроведува реформи бидејќи нејзиниот концепт не е реформски.

За кои реформи Заев зборува, јас не сфаќам. Еве во судство, во судството не може да ги прави реформите. Сите показатели, сите овие актери што требаше да ги спроведат реформите како комисијата се повлекоа. Се формираше и друга комисија и од тука ќе се повлечат. Знаете зошто? Едноставно тие чувствуваат дека концептот не е реформски и не може да се прават реформи, вели Демири.

Меѓу другото тој го критикуваше и проширувањето владејачкото мнозинство и влезот во Владата на албанските партии како и партијата на Амди Бајрам. Новите коалициони партнери на Заев влегуваат во Владата без платформа истакна тој, единствено ќе се борат за директорски и заменик директорски позиции. Според него, по тоа се гледа политичкото однесување, култура и стабилноста на владата на СДСМ.

Новите партии, влегуваат без ниедно политичко барање. Што мајка бараат во коалиција? Кое е нивното барање за Албанците кое ќе го стават во платформата? Поради тоа молчат, немаат ниедно барање. За што ќе се борат, за заменици директори и директори. Тоа е. Тоа го укажува нивото на политичкото однесување, политичката култура и на стабилноста на владата. Па, видете граѓаните не ги гласаа нив, 15 луѓе да вработат, свои луѓе тука што се во тоа милје во таа средина и другите ништо не добиваат. А, со години веќе албанските гласачи ништо не добиваат, заклучи тој.