среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 6

Концерт на „ДНК“ во Штип

Промотивната турнеја на актуелниот материјал со наслов „Уште еден ден" на аренби двоецот ДНК веќе в сабота продолжува во Штип, каде во тамошниот Дом на младите е закажан нивниот солистички концерт.

1200x600

Поврзани вести

Билетите за концертниот спектакл се пуштени во претпродажба по цена од 200 денари, додека на врата (на денот на концертот) истите ќе чинат 300 денари.

Панчо и Андреј на штипската сцена ќе застанат во придружба на својот бенд, кој ги следи на сите големи концерти, а интересно е што за загревање на атмосферата пред стартот на свирката ќе биде задолжен диџеј Ири Скреч.

„Се радуваме на саботната дружба со штипската публика. Не се сомневаме дека ќе си поминеме одлично зашто секој наш настап, секое наше гостување во градот под Исарот поминува во одлична и незаборавна атмосфера”, велат Панчо и Андреј.

Најчитани вести