вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Концерт на Џенгиз Ибрахим на „Скопско лето“

Џенгиз Ибрахим на инструментот канон вечер во Македонската опера и балет ќе оддржи концерт насловен „Хиџаз 2“. Концертот ќе се оддржи во рамки на „Скопско лето 2016“.

jengis-ibrahim

Поврзани вести

Џенгиз Ибрахим на инструментот канон вечер во Македонската опера и балет ќе оддржи концерт насловен „Хиџаз 2“. Концертот ќе се оддржи во рамки на „Скопско лето 2016“.

На програмата се повеќе дела  на Хиџаз Таксим, Шех Садеттин С`рри, Наргиле, Мартнем, Осман бег, Дебрели Хасан, 1001 ноќ и други.

Џенгиз Ибрахим е роден во Скопје. По дипломирањето на Факултетот за музичка уметност, магистрира на Институтот за фолклористика „Марко Цепенков“ на стари турски музички инструменти. Ги свири сите источни инструменти, а главен инструмент му е канон, ут и сазот. Работел како музички уредник и водител на музички емисии во МРТ, а соработувал со повеќе музичари од земјата и од странство и учествувал на многу музички фестивали.

Ибрахим го реинкарнира румалискиот мелос и води музички разговор меѓу културите во светот. Има компонирано музика за театар меѓу кои и музиката за претставата „Солунски патрдии“ на Драмскиот театар Скопје, а исто така е автор и изведувач на музиката за балетот „Врати“ во продукција на МОБ. Има издадено четири музички албуми.

Идните студии на Џенгиз Ибрахим ќе бидат насочени кон истражувањата за канонот. На тој начин има за цел да ги промовира музичките вредности на Турците од Румелија.

Најчитани вести