Магазин

Концерт на градскиот дувачки оркестар во Градски парк

Концерт на градскиот дувачки оркестар во Градски парк

Градскиот дувачки оркестар ќе одржи концерт в саботак, во 11.30 часот, на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Концертот ќе трае околу еден час, a ќе биде изведена следната програма:

Здраво! (Hello – R. Cardon), Концерт за кларинет (Concerto for clarinet – A.Shaw), Странци во ноќта (Strangers in the niht – B.Kaempfert arr. |H. Eminovic), Одведи ме до месеченитата (Fly me to the moon – arr. S. Nesticos, Вчера (Yesterday – J. Lennon and P.M. McCartney arr. C. North), Малото кафено шишенце (Litlle Brown Jug – G. Miller), Караван (Caravan – D. Ellington arr. H. Eminovic), Фламинго (Flamingo – T.Grouya arr. H. Eminovic), Празникот на трубите (Bulgers Holiday – L. Anderson), Розов пантер (Pink Panhter – H. Mancini), Бамболео (Bamboleo – S. Diaz arr. H. Eminovic), Бакнувај ме многу (Besame musho r. Velaskes arr. G. Puckova), Текила ( Tequila – A. Lokatelli arr. V. Platonovic) и Радетскиот марш (Radetski mars – J. Straus).

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечена нота.