Магазин

Концерт на Градскиот дувачки оркестар во Градски парк

Концерт на Градскиот дувачки оркестар во Градски парк

Во четврток, со почеток во 20.30 часот, на Школка во градскиот парк во Скопје, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи концерт. Концертот ќе трае околу еден час, a ќе биде изведена следната програма:

Здраво! (Hello – R. Cardon);  Одведи ме до месечината (Fly me to the moon – arr. S. Nesticos);  Вчера (Yesterday – J.Lennon and P.M.McCartney arr. C.North); Караван (Caravan – D. Ellington arr. H. Eminovic); На мој начин (My Way – C.Francois&J.Revaux arr. H.Eminovic) , Тико-Тико (Tico – Tico – L.Abreu arr.W.L),Девојката од Ипанема (Girl from ipanema – A.C.Jobim arr. H.Eminovic), Текила ( Tequila – A. Lokatelli arr. V.Platonovic) ; Бамболео (Bamboleo – S. Diaz arr.H.Eminovic), Добс Буги ( Dobs Buggy – W.Dobschin arr. W.Tuschla), Њујорк, Њујорк (New York, New York – J.Kander arr. E.Charleton); и Финалното одбројување ( Final count down- J.Tempest arr. H.Eminovic).

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите.