Концерт на класична музика за Денот на Ромите

 

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на Ромите, интернационален празник со кој се слави ромската култура и со кој се потикнува свеста за прашањата поврзани со ромскиот народ.

Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66 отсто од вкупното население. Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се Роми, а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот е официјален јазик, покрај македонскиот.

Исто така, со Уставот од 2001 година, Ромите во Република Македонја се признати како народ единствено во светот.
По повод денот на Ромите, во Центарот за култура во Ѓорче Петров вечерва во 18 часот ќе се одржи концерт на класична музика. На концертот ќе настапат млади музичари кој ќе изведат дела на Моцарт, Аколеј, Андерсен и други композитори. На виолина ќе настапи Ребека Селмановска, а на флејта Ивана Здравковска и Емануел Селмановски.

 
 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.