Македонија

Концерт на Македонска филхармонија во Дебар

Концерт на Македонска филхармонија во Дебар

Македонската Филхармонија првпат вечерва ќе одржи концерт во Дебар, а по долго време утре ќе гостува во Струга.

Настапите се во рамки на востановената практика на Филхармонијата, по завршувањето на концертната сезона да одржува концерти низ градовите во Македонија.

Под водство на диригентот  Борјан Цанев, оркестарот ќе изведе дела од Дворжак, Брамс, Маскањи, Офенбах…

Планирано е и гостување во Валандово, а потоа следуваат настапите на Филхармонијата на фестивалот „ Охридско лето“.