Концерт на реномирани џез музичари од САД во Штип

Факултетот за музичка уметност подготвува концерт со најреномираните џез музичари од Соединетите Американски Држави. Концертот е во соработка со Универзитетот на Калифорнија – Лос Анџелес (UCLA), а ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД, на 6 мај (вторник), во Мултимедијалниот центар на УГД во Штип.
Настапуваат Џејмс Њутн – флејта,  Дејвид Вилсон – саксофон, Зак Рамејсиер – труба, Масаи Марселин – тромбон, Јона Левин – тромбон, Кифер Шеклфорд – пијано, Форест Мичел – тапани, Ерик Шибоски – бас.

Концертот ќе започне во 20.30 часот, а влезот е слободен.

Воедно, на 5 и 6 мај, со почеток во 10 часот, гостите од САД ќе одржуваат работилници во Мултимедијалниот центар на УГД во Штип за сите заинтересирани студенти.