Концерт на триото „Академико“ во Даут пашин амам

Со почеток во 20.30 часот во Национална галерија на Македонија „Даут пашин амам“ вечерва, во рамките на „Скопско лето“, концерт ќе одржи триото „Академико“.

Триото составено од Бранко Павловски на кларинет, Златка Митева на флејта и Наташа Трбојевиќ на пијано, ќе исполни дела од Азарашвили, Кавалини, Саламон, Еванзен и Сен-Санс.

Трио „Академико“ е редок камерен состав за флејта, кларинет и пијано. На неговиот репертоар се наоѓаат ремек дела од различни стилски епохи од светската литература, од времето на класицизмот до современата музика, а неговите членови се реномирани македонски уметници со бројни настапи во земјата и странство.