ВИДЕО: Како концертот во салата Батаклан се претвори во масакар

Видео на кое се гледа точниот момент кога концертот на групата „Eagles of Death Metal“ во салата Батаклан се претвори во вистински масакр беше објавено на Јутјуб.

Масакрот на терористите започнал на пестата песна. Во концертната сала се убиени стотина лица, од кои најголем дел се млади луѓе обожаватели на групата.

Дел од жртвите настрадале од огнено оружје, а останатите во експлозијата. Нападот на концертната сала беше само еден од седумте синхронизирани напади што во петокот се случија во престолнината на Франција.