Кондогбија денес потпишува со Интер

По две минати сезони во тимот на Монако, Џофри Кондогбија ќе премине во редовите на Интер.

Францускиот играч за врска денес ќе треба да ги мине медицинските прегледи по што се очекува потпишување на договорот и официјална презентација пред навивачите и новинарите.

Финансиските детали од договорот не се обелоденети, но се претпоставува дека Интер ќе плати 32 милиони евра во кеш плус 8 милиони евра преку дополнителни бонуси.

Кондогбија ќе заработува 5 милиони евра по сезона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.