Кондогбија е планот Б на Флорентино Перез

Претседателот на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), Флорентино Перез, веќе има план “Б”, доколку не успее во намерата за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на Јувентус, Пол Погба.

Првиот човек на “кралскиот клуб” пред неколку дена ги информирал најблиските соработници дека нема да седне на преговарачката маса доколку челниците на старо-новиот шампион на Италија останат на ставот дека Погба може да биде продаден само доколку понудата на Реал (М) не биде помала од 30 мил. евра.

Во тој случај, Перез своето внимание ќе го насочи кон стандардниот првотимец во дресот на францускиот прволигаш Монако, Геофреи Кондогбиа кој е проценет на 25 мил. евра.

Освен играч за врска, претседателот на “кралскиот клуб” ќе се обиде да ангажира нов централен дефанзивец и по можност тоа да биде францускиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Порто, Елиакуим Мангала.

Раководните лица на португалскиот прволигаш пред неколку месеци потврдија дека Магала ќе добие зелено светло за промена на клупската средина само доколку понудата за неговите услуги не биде помала од 46 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.