Конечно ќе се пушти во употреба автопатот Демир Капија-Смоквица

По речиси цела една година откако автопатот Демир Капија- Смоквица беше изграден од страна на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, во понеделник ќе биде официјално пуштен во употреба.

На отворањето како што е најавено ќе присуствуваат евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кои ќе имаат и свои обраќања на настанот.

За време на настанот ќе биде промовирана и кампањата за ЕУ- инвестициите во инфраструктурата во земјава.

Овој дел од автопатот, според планот, требаше да биде завршен до 1 ноември 2017 година.

Инвестицијата во автопатот изнесува 218 милиони евра. Изградбата почна во септември 2012 година од страна на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа делница се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.