Конечно крај на драмата „Стерлинг“

Манчестер Сити конечно успеа да го ангажира фудбалерот на Ливерпул, Рахим Стерлинг и тоа дури после третиот обид.

Откако имаше два неуспешни обиди „граѓаните“ да го ангажираат брзоногиот фудбалер, двата клуба постигнаа договор кој ќе биде во висина од 49 милони фунти – 45 милиони откако трансферот ќе се комплетира а останатите 4 милиони ќе бидат вклучени преку неколку клаузули.

Младиот крилен напаѓач ќе потпише петгодишен договор за плата од речиси 200.000 фунти неделно, што е многу поголема од онаа која ја имаше во Ливерпул – 35.000 фунти.

Од трансферот на Стерлинг во Манчестер Сити ќе се „офајди“ и КПР, бидејќи во договорот со кој англискиот репрезентативец премина во „црвените“ има клаузула според која при следниот негов трансфер КПР ќе добие 20% од сумата која ќе ја прими Ливерпул, што во случајов е околу 10 милиони фунти.