Конечно затоплување – викендов температури и до 34 степени

Во текот на денешниот ден не очекува сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури денеска ќе бидат во Скопје 27 Целзиусови степени, Маврово 20, Кавадарци 28, Берово 22, Охрид 23, Битола 25, Дојран 29.

И во наредните три дена времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утре дневните температури ќе се движат во интервалод 25 до 32 степени, в недела од 26 до 33, а в понеделник 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.