Коневски: Целта на СЈО е насилно рушење на владата без почитување на волјата на народот

Имавме верба дека СЈО ќе работи независно, но по една година се гледа дека нивната намера е дискредитација на одредена политичка партија.

Ова го посочи градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски кој гостуваше во вестите на ТВ Нова.

Нашата силна страна се проектите, додека од друга страна имате една политичка бобра за дискредитација на одредени особи. Да се обвини човек, а вината сè уште не е докажана, не се почитува тоа. Да нема почитување на презумцијата на невиност не е недопуствило за ниту еден правник или обвинител, изјави Коневски.

Според него, целта на СЈО е насилно рушење на владата без почитување на волјата на народот.

Сведоци сме дека за одредени личности градоначалници кои извршуваат незаконски работи СЈО е и немо и глуво. Фалсификување на волјата на граѓаните е намерата на СЈО. Избори се единствен излез од оваа ситуација, изјави Коневски.

Се трудиме да не ја разгориме ситуација, додава Коневски, па затоа сме попустливи.

Ме згрозува вандализмот. Она блокирање на улици, малтертирање на народот, уништување на културно наследство, народот на следните избори ќе го казни. Убеден сум дека ќе победиме на изборите, изјави Коневски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.