Македонија

Коневски: Ја оправдавме сликата за Аеродром како модерна општина

Коневски: Ја оправдавме сликата за Аеродром како модерна општина

„Годишнините се пригодни моменти да се преиспитаме до каде сме стигнале и што сме направиле во изминатиот период. Со задоволство можам да констатирам дека успеавме да ја оправдаме сликата за Аеродром како модерна и современа општина“, изјави градоачалникот Ивица Коневски на прославата на деветиот роденден на општината, што се одржа во саботата во општинскиот двор.

Коневски најави дека и во иднина Општина Аеродром ќе продолжи да се развива уште повеќе и ќе стане уште поубаво место за живеење.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како гостин на настанот, истакна дека Аеродром е една од најмладите, најперспективни и најмодерни општини која интензивно се развива што се должи на големата работа, ентузијазмот и иницијативата на градоначалникот Коневски и поддршката на Советот.