петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 35

Коневски: На антидржавната политика на СДСМ треба да и се стави крај!

Конечно, после две години на сите граѓани им стана кристално јасно за што се бореа Заев и СДСМ целиот овој изминат период. На сите им стана јасно зошто беше потребна целата деструкција, вандалските сквернавења на спомен обележјата и нападите кон државните институции, истакна Коневски.

ivica-konevski-1-640x360

Последни вести

Аболицираниот криминалец Зоран Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија ги откри крајните мотиви на пучот и двегодишната криза во која што ја втурна Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Ивица Коневски Претседател на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Коневски

Неговите две основни цели кои јавно ги обзнани се редефинирање на државата и менување на уставниот поредок и уривање на позициите на Република Македонија во споровите што ги има со соседите, вклучувајќи го и прашањето за името.

Конечно, целата јавност можеше да види што значи на дело виткањето на кичмата што го промовира Заев и влезот во НАТО за 6 месеци што го ветуваше Шекеринска. Аболицираниот Зоран Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија отворено ја обвини Република Македонија дека кај нас бил проблемот што се обидуваме да си го сочуваме уставното име и националниот идентитет. Срамно и недостојно за политичар кој е лидер на партија. Аболицираниот Зоран Заев ја обвини Македонската православна црква дека кај неа е проблемот што е оспорена од Српската православна црква. Аболицираниот Зоран Заев ја обвини Македонија дека кај нас е проблемот што не ни се признава јазикот и народот и што нашите малцинства во соседните земји не ги уживаат истите права. Срамно и недостојно за политичар кој е лидер на партија и треба да ги штити националните интереси.

Аболицираниот Зоран Заев пред албанската дијаспора кажа дека рамката на Охридскиот договор не била доволна, ветувајќи и на албанската дијаспора дека тој ќе го менува Уставот, ќе го официјализира албанскиот јазик и ќе ја федерализира Македонија.

Тоа е вистинското, грдо лице на СДСМ и на аболицираниот Зоран Заев. На ваквата антидржавна политика и на ваквото пазарење со највисоките национални интереси мора да се стави крај.

Конечно, после две години на сите граѓани им стана кристално јасно за што се бореа Заев и СДСМ целиот овој изминат период. На сите им стана јасно зошто беше потребна целата деструкција, вандалските сквернавења на спомен обележјата и нападите кон државните институции. Сега на сите им е јасно зошто СДСМ и невладините организации под контрола на Сорос ја напаѓаа полицијата и постојано се обидуваа да провоцираат инциденти и да ја одолговлекуваат и продлабочуваат кризата.

Целта е една. Аболицираниот Зоран Заев да се дограби до власта и да ја редефинира државата за која што животите ги жртвуваа илјадници патриоти.

Ова мора да престане. Мора конечно да се стави крај на кризата и Македонија да тргне напред. ВМРО-ДПМНЕ и народот на Република Македонија нема да му дозволат на аболицираниот криминалец Зоран Заев да ги оствари своите планови.

Најчитани вести