четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

Коневски: Општината Аеродром е позитивна приказна за локалната самоуправа од аспект на реализирани проекти и финансиска состојба

Општината и натаму ќе инвестира во паркови и зеленило, изградени се три нови градинки, а во моментов ќе започне изградбата и на уште една градинка, рече Коневски

ivica konevski

Поврзани вести

Во изминативе осум години откако јас сум градоначалник на општина Аеродром реализирани околу 500-ни проекти кои што директно го подобруваат секојдневието на жителите, изјави денеска на Панел дискусијата: ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: „Инвестираме во локалната самоуправа”, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.

„Би сакал да потенцирам дека во руралниот дел се изградени повеќе од 50 километри фекална канализација, асфалтирани се повеќе од 30 километри патишта, изградена е нова водоводна мрежа и во моментов се работи на изградба на атмосферска канализација. Целосно е проширен патот горно-долно Лисиче, изградивме прва градинка во руралниот дел, во училиштето Гоце Делчев изградивме спортска сала, во секое маало изградивме повеќенаменски игралишта со рефлектори, изградивме два спортски центри, тоа е салата Јане Сандански и спортскиот центар Ново Лисиче. Во делот на екологијата и заштитата на животната средина изградивме околу десетина нови паркови во сите делови на општината и тие се постојано збиралишта на жителите“, потенцираше Коневски.

Истакна и дека посадени се повеќе од 50 илјади дрва во урбаниот и руралниот дел така што општината постојано вложува во зеленило кое долгорочно ќе придонесе за животната средина.

„Општината и натаму ќе инвестира во паркови и зеленило, изградени се три нови градинки, а во моментов ќе започне изградбата и на уште една градинка. Изградивме ново училиште, Александар Македонски, го издадовме и одобрението за изградба на второто училиште“, рече Коневски.

Најчитани вести