Коневски: Притисоците покажуваат какви луѓе се на чело на МВР

Веста што денеска беше објавена во медиумите дека повторно сум ги вратил флешерите на општинското БМВ е апсурдна, бидејќи тие никогаш не биле отстранети за да можам повторно да ги вратам.

Имено, возилото на Општина Аеродром и го додели Владата на РМ со вградени флешери и оттогаш МВР нема побарано тие да се отстранат.

Вчерашното стопирање на возилото и изживување пред моето 7 годишно дете и пишување прекршочна пријава за флешерите на возилото е продолжување на притисоците што почнаа уште во предизборната кампања и очигледен показател какви луѓе се на чело на МВР и на државата, кои се занимаваат со маргинални теми наместо да се фатат со решавање на проблемите на граѓаните, за што земаат плата, вели Коневски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.