Коневски: Зошто изборот на Џафери се случи кога имаше народ пред Собрание?

Насилството е недозволиво, но прво и најважно е дека треба да се направи една истрага. Треба да оставиме на надлежните органи да направат истрага и да се види кој е одговорен за она што се случи.

Ова го истакна Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше гостин во Топ Тема, коментирајќи ги настаните во Собранието на РМ.

-За мене е нејасно зашто тоа, изборот на претседател, се случи токму тој ден и во толку часот, рече Коневски и додаде дека тоа е намерно предизвикан инцидент за да се прикрие нелегалниот избор на Талат Џафери.

Коневски подвлече и дека тие луѓе не биле организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во иднина, ние како политички опоненти мора еден ден да седнеме заедно и националните интереси да ги усогласиме. Да знаеме до каде може секоја политичка партија да разговара и преговара со коалиционите партнери. Да не дозволиме да се тргува со државните и националните интереси…

Како што вели Коневски, Талат Џафери е нелегитимен претседател, и во иднина не треба да се бираат претседатели на овој начин. 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.