Конференција „Миграции и прилив на бегалци во транзитните земји” во МВР

Во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика (ИГИНП), во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се оддржа меѓународната конференција на тема „Миграции и прилив на бегалци во транзитните земји: безбедносни импликации”, како дел од македонското претседавање со Централно-Европската иницијатива (ЦЕИ) за 2015-та година.

Оваа тема е од исклучително значење за нашата земја од безбедносен, политички, но и социјален и економски аспект.

На Конференцијата учествуваа високи претставници од сите значајни регионални, европски и меѓународни институции, кои активно се вклучени во справување со мигрантската и бегалската криза, како што се: ОН, ОБСЕ, ЦЕИ, ИОМ, МАРРИ, како и над 50 – на други претставници од странство.

Во своето поздравно обраќање заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска, истакна дека неопходен е зеднички европски одговор на кризата кон кој Република Македонија несебично придонесува, но поради ограничените ресурси, потребна е помош и поддршка. Воедно, ја истакна потребата од изнаоѓање на долгорочно решение во насока на решавање на потеклото на проблемот.

konferencija-mnr-2

Aлтернативниот генерален секретар на Централно-Европската Иницијатива, Маргот Клестил – Лофер истакна дека целокупната меѓународна заедница треба да вложи напори за изнаоѓање на соодветен и сопфатен пристап кон справувањето со заедничкиот предизвик. Во таа насока, го позрави оддржувањето на оваа Конференција, како и конструктивната соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Р. Македонија и Централно-Европската Иницијатива.

Свои пригодни излагања пред присутните имаа и министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ.

На затворањето на Конференцијата, директорот на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика, амбасадорот Абдулкадар Мемеди нагласи дека, самата Конференција, како и исходот од истата е јасен показател за неопходноста од координиран и сеопфатен пристап во справувањето со актуелните предизвици како резултат од бегалската криза.

Конференцијата беше поделена во два панели. Првиот панел беше посветен на влијанијата на миграцијата и бегалската криза во земјите-членки на ЦЕИ, како и предизвиците и акциите кои  треба да се преземат за успешно надминување на проблемот. Акцентот во вториот панел беше ставен на изнаоѓање на сеопфатна стратегија поврзана со колективен одговор за заедничките предизвици од мигрантската и бегалската криза.