Конференција по повод денот на Обединетите Нации

По повод Денот на ОН – 24 Октомври денеска ќе се одржи конференција „Светот што го сакам во 2030“, во организација на Програмата за развој на ОН.

На конференцијата, што ќе се одржи во Битола, ќе учествува министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Обединетите нации го одбележуваат својот ден, 24 Октомври, во знак на сеќавање на усвојување на Повелбата на светската организација, која стапи во сила на денешен ден во 1945 година.

Повелбата беше ратификувана од поголемиот број тогашни земји-членки на ОН, меѓу кои и петте постојани членки на Советот за безбедност. ОН официјално постојат 69 години.

Денот на ОН се слави од 1948 година, а Генералното собрание на ОН во 1971 година им препорача на земјите-членки да го одбележуваат 24 октомври како празник на своите територии.