Конференција по повод победата над фашизмот во Дом на АРМ

По повод јубилејот, 70 години од победата над фашизмот, и во пресрет на 9-ти мај, Денот на победата, денеска во Домот на АРМ ќе се одржи научно-стручна конференција на тема ,,70 години од победата над фашизмот”.

Настанот е во организација на  Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, Клубот на генерали и Здружението на дипломирани студенти на НАТО колеџот во Рим.

На конференцијата, ќе учествуваат и експерти од академската јавност, како и претставници од Институтот за национална историја на Република Македонија. Во фокусот на конференцијата, освен суштинските вредности на антифашизмот, ќе бидат и научни-стручните погледи за развојот на македонската војска низ народно-ослободителната војна и за АРМ како продолжувач на традициите на македонската војска од периодот на антифашистичката борба во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.