Македонски претставник научна конференција за Солунскиот фронт во Солун

Македонски претставник ќе учествува на научна конференција за Солунскиот фронт во Солун. На конференцијата ќе учествуваат еминентни научници од повеќе европски држави.

На покана од организаторите, како единствен претставник од Република Македонија, ќе учествува и редовниот професор на Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Далибор Јовановски.

Професор Јовановски ќе има излагање на тема „Лични впечатоци од Солунскиот фронт за време на Големата војна“

Меѓународната научна конференција на тема „Солунскиот фронт во Првата светска војна“ се одржува во организација на двата солунски универзитета „Аристотел“ и „Македонија“ и на Институтот за Балкански студии од Солун, а ќе трае од денеска до 24-ти овој месец во Солун, Грција.