Конференција за Денот на толеранцијата

денот

Ова го истакна претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Таки Фити, кој ја отвори националната конференција посветена на 16 Ноември – Денот на толеранцијата. МАНУ со ОБСЕ петти пат заеднички го одбележуваат овој празник.

Република Македонија поминува низ сериозна политичка криза и една од тие манифестации е овој анимозитет и антагонизам што се јавува меѓу политичките партии, особено меѓу двете доминантни политички партии. За жал, претставниците на едната или другата партија меѓу себе се доживуваат како непомирливи непријатели место да се доживуваат како политички конкуренти, рече Фити.

Тој нагласи дека Македонија е млада, кревка демократија и затоа е многу значајно да се работи на проблематиката на толеранција, да се негува и развива толеранцијата бидејќи таа може голем дел од овие проблеми да ги релативизира.

Според него, историјата не учи дека на овие простори отсекогаш живееле луѓе со различна национална, етничка и религиозна припадност, кои долги периоди живееле во мир, заемно разбирање, соработка, толаеранција.

Секогаш кога сме отстапувале од таквите принципи, кога сме имале изливи на национализам или дискриминација, тие не носеле добро, ниту за оние луѓе кои страдале заради таквите политики, ниту за оние кои ги застапувале тие политики, рече Фити.

Заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија Џефри Голдстајн посочи дека државата поминува низ сериозна политичка криза во последните години што, како што рече, резултираше со неостварување напредок во многу области.

Се надеваме дека со новиот Парламент, меѓу другото, ќе се измени и дополни и Кривичниот законик за појасно да се дефинира говорот на омраза и криминалот од омраза, рече Голдстајн. Додаде дека тие ангажирано работат на обука на судии и јавни обвинители, како тие да се справат со криминалот од омраза и со говорот на омраза. Локалните власти со помош на ОБСЕ извршуваат обука за полицајци на оваа тема, рече Џефри Голдстајн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.