Конференција за „Eднакви можности за младите во социјален ризик“

„Eднакви можности за младите во социјален ризик“ е тема на конференцијата што ќе се одржи денеска во организација на СОС Детското село – Македонија и Австриската Амбасада во Скопје.

Целта на конференцијата е зголемување на можностите за вклучувањето на пазарот на труд и вработување на младите во социјални ризици, запознавање на компаниите со владините програми за поттикнување на вработувањето на деца без родители и родителска грижа и нивно охрабрување да практикуваат општествена одговорност.

Најавено е присуство на австрискиот амбасадор во Скопје Томас Михаел Бајер, националната директорка на СОС Детско село Македонија Јулијана Гапо и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.