Конференција за енергетска ефикасност на Западен Балкан

Во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) Скопје во соработка со својот партнер Аналитика.

Целта на конференција е да понуди платформа за дискутирање на енергетската безбедност од гледна точка на јавните политики и геополитиката релевантна за регионот од Западен Балкан и да покрене дискусија за предизвиците на енергетската безбедност и за внатрешната подготвеност за справување со нив.

Идејата е конференцијата да претставува отворен форум за размена на тема енергетска безбедност во Западен Балкан, вклучувајќи го мислењето на различни чинители.

На конференцијата ќе учестуваат преставници од Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН, претставници од академската заедница, граѓанскиот сектор и дипломатијата.

Во рамки на конференцијата ќе биде промовиран трудот подготвен од истражувачите од Аналитика, Андреја Богдановски и Ана Стојиловска насловен „Состојбата со енергетската (не)безбедност во Македонија“ кој ја анализира состојбата со енергетската безбедност во Македонија и ги идентификува главните прашања кои ја отежнуваат подобрената енергетска ситуација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.