Конференција за енергетските предизвици на Македонија

Конференција за енергетските предизвици на државата денеска организира Здружението на енергетика при Стопанската комора на Македонија.

Целта е стопанските субјекти да се запознаат со предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор во Република Македонија.

На конференцијата најавено е учество на министерот за економија Беким Незири и на претставници од бизнис секторот, од надлежните министерства, науката, како и од други институции и организации од областа на енергетиката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.