Македонија

Конференција за иновативноста на компаниите

Конференција за иновативноста на компаниите

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи меѓународна – тренинг конференција „Иновативна компанија – како да ја искористите креативноста на вработените и клиентите“.

Целта на конференцијата е потенцирањето на значењето на иновациите за растот и развојот на сите приватни компании, нивната конкуретност, независно од нивната големина и дејноста која ја извршуваат.

За успешно и профитабилно работење на долг рок, неопходно е постојано да се размислува за изнаоѓање нови целни групи потрошувачи, освојување нови пазари, воведување нови производи и услуги, иновативни начини на нивна промоција и слично.

Конференцијата е во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Datastation- Белгија и Vision Consulting – Скопје. Излагања ќе имаат претставници на владиниот Фонд за иновации и технолошки развој, од ЕБРД, како и од компаниите ко-организатори на настанот и ЕВН.

Тренинг конференцијата е наменета за топ и средниот менаџмент, особено од секторите маркетинг, производство и човечки ресурси.