Конференција за македонското земјоделство и климатските промени во Струмица

Македонија е се уште на почеток на остварување на стратегиските цели за адресирање на климатските промени, а оние кои најмногу зависат од овие одлуки и решенија се земјоделските производители и руралните семејства како директни корисници на земјиштето и природните ресурси, беше речено на првата национална конференција „Македонското земјоделство и климатските промени“ во Струмица.

На конференцијата што ја организираше Федерацијата на фармери (ФФРМ), земјоделците се запознаа со негативните последици од глобалното затоплување, но и со мерките и техниките за да го заштитат своето производство и реколта особено во градинаррството, овоштарствто, лозарството и сточарството.

Струмица климатски промени

– Земјоделските производители и руралните семејства како директни корисници на земјиштето и природните ресурси се најранливата категорија, а предизвикот за справување со последиците е долг процес кој бара голема поддршка од јавната свест и заедничкото ангажирање, истакна Петар Ѓоргиевски, претседател на Мрежата за рурален развој на Македонија.

Според претседателот на ФФРМ Никола Стаменов, ваквите средби се добредојдени особено поради можноста да се научи и да се видат нови технологии за адаптација на земјоделството врз новите временски услови за да се заштити аграрот.

– Најмногу ќе биде погоден пољеделскиот, лозарскиот и градинарскиот сектор каде што имаме намалување на приносите, а се појавуваат и болести кои директно и негативно влијаат и врз сточарството, истакна Стаменов.

Професори од Земјоделскиот институт и Факултетот за земјоделски науки сметаат дека Македонија може да очекува екстремни варијации во температурата кои ќе имаат штетни последици врз земјоделскиот сектор. Со оглед на тоа што речиси половина од руралното население е економско зависно од земјоделството, потребна е итна акција и практични адаптивни методи, сметаат организаторите.

Конференцијата се одржа со поддршка на проектот „Институционална подршка на Федерацијата на фармерите, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени што го спроведува  Мрежата за рурален развој на РМ, како и од Амбасадата на Кралството Шведска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.