Конференција за развој на рурален туризам

Развој на регионалниот рурален туризам преку создавање балкански бренд, стратегија за заеднички настап и меѓусебна поддршка е целта на конференцијата што денеска ја организираат Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) и Фондацијата Центар за жени претприемачи.

Предвидено е присуство на преку 60 практичари, истражувачи, едукатори, преставници на владини институции и невладини организации од целиот регион на ЦЕИ, ангажирани во областа на зајакнување на претприемништвото и развој на руралниот туризам.

Конференцијата е поддржана од Федерација на фармери на РМ, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Општина Гази Баба, Општина Демир Капија, Македонија 2025, Македонска мрежа на ментори и Клуб Жени за жените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.