Конференција за заштита на жените жртви на родово насилство

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денес во Скопје ќе одржи регионална конференција за „Заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство – моментални состојби и добри пракси”, пишува МИА.

Целта е да се направи анализа на состојбите за заштита на жените жртви на родово базирано и семејно насилство во земјата и размена на добри практики во земјите од регионот и ЕУ поврзано со имплементација на стандардите воспоставени со Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Конференцијата е организирана како дел од регионалниот проект „Со здружени напори – кон новите Европски стандарди во заштитата на жените од родово базирано насилство”, финансиран од Европска унија.

На собирот најавено е учество на претставнички на невладини организации од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија, како и претставници на државни институции и меѓународни организации.