Балкан

Конференција за Западен Балкан во Виена

Конференција за Западен Балкан во Виена

Дводневната конференција за Западен Балкан како продолжение за берлинскиот процес инициран од лани од германскиот канцелар Ангела Меркел, од денеска почнува да се одржува во Виена.

Договор за разграничување на Црна Гора и БиХ

На дводневната конференција за Западен Балкан ќе се потпише договор за разграничување на Црна Гора со БиХ, додека за попладневните часови е најавен Форум за цивилно општество на Запден Балкан чиј домаќин е австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц.

Централниот настан е планиран за утре кога треба да се одржат состаноци во врска со изградбата на патот Ниш – Подгорица – Драч како и работен појадок на министрите за економија во регионот со ЕУ.

Конференција за Западен Балкан во Виена
Конференција за Западен Балкан во Виена

Дводневната конференција за Западен Балкан во знак на проблемот со азилантите

Дводневната конференција за Западен Балкан ќе ја отвори австрискиот канцелар Вернер Вајман, а за резултатите по завршувањето јавноста ќе ја информираат тој, германскиот канцелар Ангела Меркел, високата претставничка за надворешна политика во ЕУ Федерика Могерини и во име на регионот српскиот премиер Александар Вучиќ.

На Конференцијата за Западен Балкан во Виена ќе се обрати и Федерика Могерини
На Конференцијата за Западен Балкан во Виена ќе се обрати и Федерика Могерини

Истовремено се планира да бидат одржани и состаноци на шефовите на дипломатиите и министрите за економија на државите од регионот и претставници од ЕУ.

Дводневната конференција за Западен Балкан ќе биде можност за претставување на инфраструктурните проекти на регионот, но поради актуелната ситуација, се очекува се да биде во знак на проблемот со азилантите.