Конгресот на САД постигна договор за финансирање на владата до крајот на септември

Американскиот Конгрес постигнал договор за финансирање на сојузната влада во фискалната 2017 година, отстранувајќи ја можноста од нејзиното блокирање, потврди челникот на сенатското малцинство на Демократската партија, Чак Шумер.

Договорот ја „отстрани заканата за блокада на владата“ и ќе овозможи нејзино финансирање до крајот на септември годинава, рекол за медиумите кои истакнуваат дека гласањето за договорот се очекува оваа седмица.

Договорот предвидува средства за одбраната, за безбедноста на границите и за здравството, но не и за градење на ѕидот по должината на границата со Мексико, кој го вети претседателот Деоналд Трамп, дознава Politico.

Предлог законот за краткорочното финансирање на владата усвоен во Конгресот во петокот, со што е спречена блокадата на владата откако истече претходното одобрување, но тоа го покриваше само периодот до 5 мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.