Коњановски: Со новите проекти до поголем извоз на земјоделските производи

Доскорешниот заменик министер за земјоделие Зоран Коњановски во отвореното студио пред почетокот на митингот во Струмица на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ истакна дека со новите проекти кои се предвидени во програмата на партијата дополнително ќе им се помогне на земјоделците.
Коњановски истакна дека на месечните средби со земјоделците ги договорија новите проекти.

„Земјоделците ќе добијат и финансиска поддршка но земјоделците ќе добијат и почит. Во новиот четири годишен период ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува нови 600 милиони евра поддршка за македонските земјоделци или секоја година по 150 милиони евра поддршка за македонскиот земјоделец и поддршка за македонското село. Покрај нашата директна финансиска поддршка ние сакаме да се развива македонското село преку програмата за рурален развој преку низа проекти кои ги имаме прецизирано со конкретни рокови веќе за дел од нив проектите се готови и веднаш стартуваме по завршувањето на овие избори. Имено 195 проекти за 73 општини кои се веќе нотирани во самата програма отпочнуваат во јуни или во јули месец 2014 година и за нив се веќе обезбедени 20 милиони евра, а за останатите од 2016, 2017 и 2018 година каде што ќе опфатиме еден нов пакет на проекти како што се плоштади, градење на патчиња, асвалтирање на селски улици, градење на селски водоводи, канализации, дополнително над 20 милиони евра“, истакна Коњановски.

Тој посочи дека еден од најновите проекти кој заедно го осмислиле со земјоделците и со сите здруженија е проектот календар на субвенциите.

„Секој земјоделец секоја целна група секој сектор во земјоделието да може да си ги земе субвенциите тогаш кога се најпотребни. Тоа значи во еден период од годината ќе можат да се земаат и добиваат субвенциите за лозарите, во друг период за овоштарите, во друг период за сточарите во друг период за оние кои одгледуваат раноградинарски култури. Сигурен сум дека со новата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ ќе оборуваме и нови рекорди. Ако веќе оборивме некој рекорд како што беше извоз на земјоделските производи во висина од 242 милиони евра кој го имавме во 2006 година, за да стигнеме до повеќе од половина милијарда евра извоз за последната година, сигурен сум дека со новите политики со новата финансиска поддршка со новите проекти ќе имаме дополнителен и поголем извоз на земјоделски производи“, посочи Коњановски.

Тој потенцираше дека сите проекти се во заедничка реализација со земјоделците меѓу кои го спомена и намалувањето ДДВ-то ќе како една од новите проекти.

„2006 година бевме сведоци уште на првата владина седница како се намали ДДВ-то за земјоделската механизација, за вештачкото ѓубриво, за одредени други препарати кои се употребуваат во земјоделието. Веќе можевме да слушнеме од вицепремиерот Зоран Ставрески во својот економски дел најави намалување од 18 на 5 проценти на храната за добиток. Оваа мерка на некој начин произлезе директно од тој сектор. Имавме неколку состаноци заедно со неколкуте компании кои произведуваат месо и кои се врвни во месната индустрија во Р. Македонија“, рече Коњановски.

Коњановски додаде дека омилениот проект на земјоделците 50-50 продолжува понатаму, а целото гостување во отвореното студио може да го погледнете во продолжение.