Конкурс на Град Скопје за финансирање проекти од областа на културата

Град Скопје, деновиве го објави Конкурсот за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2015 година.Целите зададени во конкурсот, критериумите и приоритетите се базираат на стратешките цели и приоритети утврдени со Стратегијата за развој на културата на Град Скопје 2012-2015.

Оваа година пак, новина е што Град Скопје, со цел добивање поквалитетни програми од Јавните установи од областа на културата на Град Скопје, објави два посебни Конкурси и тоа:

– „Конкурс за финансирање и поддршка на програмите и дејноста на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје“ , и
– „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2015 година“ со „Општи и посебни цели и критериуми за оценување на доставените проектни апликации на Конкусот за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2015 година“.

„Со воведување на овие измени се стремиме да им се излезе во пресрет на граѓаните, уметниците, невладиниот сектор и професионалните здруженија од областа на културата кои во текот на изработката на стратегијата, во рамките на дебатите кои се одржаа, укажаа на недостатоците и проблемите со кои се соочуваат при спроведување на досегашнаста процедура за одлучување и поделба на средствата од Буџетот на Град Скопје наменети за финансирање на кулурата,“ велат од Град Скопје.

Конкурсот е објавен на 9 септември 2014 година, во дневните пишани медиуми „Дневник“ и „Коха“ и ќе трае до 9 октомври 2014 година. Резултатите од Конкурсот, ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на градот Скопје за 2015 година.