Истекува конкурсот за субвенционирање научни трудови

Уште неколку дена трае конкурсот за субвенционирање научни трудови објавени во списанија со импакт фактор. Околу 600 истражувачи кои објавиле научен труд во такви списанија, досега добиле субвенции од страна на Министерството за образование преку проектот на Владата за за еднократна помош од 30.000 денари за објавени научни трудови во списанија со импакт-фактор.

Конкурсот на МОН за еднократна помош од 30.000 денари за објавени научни трудови во списанија со импакт-фактор за 2014 година се уште е во тек. Преку субвениции Министерството, трета година по ред,  дава поддршка на научно-истражувачката дејност во Македонија и ги стимулира научните работници.

Научните работници да го искористат конкурсот за субвенционирање научни трудови

Научните работници да го искористат овој конкурс
Научните работници да го искористат овој конкурс

Научните работници да го искористат овој конкурс кој ќе трае уште неколку дена и да аплицираат за субевенции за објавени научни трудови во списанија со импакт-фактор. Ова е апелот што денес заменик министерот за образование Спиро Ристовски денеска одговарајќи на новинарско прашање го упати до сите научни работници, кои што објавиле свој научен труд во списанија со импакт-фактор.

Сите лица кои што се бават со научно-истражувачка дејност незвисно дали се само од академската заедница може и од останатите, а кои што имаат изработени и објавени трудови за 2014 година, а сеуште ги немаат пријавено во рамки на МОН за добивање на соодветна субвенција, да го искористaт своето право во наредните неколку денови и да аплицираат за оставарување на право на финансиска поддршка односно научна субвениција која што ја доделува МОН односно Владата на Република Македонија, истакна Ристовски.

Критериум за субвенции се списанијата со импакт фактор

Инаку, критериум за добивање субвенција се списаниијата каде е објавен трудот. Ристовски додаде дека секој поквалитетен труд, кој ги задоволува критериумите и стандардите, ќе биде поддржан од МОН, зашто со тоа директно се стимулира и развојот на научно-истражувачката дејност во државата.

Како што потенцираше заменик – министерот, во изминатите три години се аплицирало за научни трудови од различни области, но најмногу се субвенционирани тие од природните науки.

Генерално, и во рамки на општествените но, на мое засоволство, и кај техничките и природните науки, се голем број трудови. Можам да ги истакнам природните науки како водечки во научно-истражувачките проекти кои се реализираат и трудвите кои се објавуваат во списанија со импакт-фактор, рече Ристовски.