Конкурс за 25 стипендии за студии во Русија

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување 25 стипендии за редовни додипломски и постдипломски студии во Руската Федерација, за академската 2015/2016 година.

Стипендиите ги доделува руската Влада. Избраните стипендисти ќе добиваат месечен паричен надомест во висина на стипендијата на руските студенти во соодветната категорија, но и еднакви услови и цена за сместување во студентските домови како и за руските студенти.

Пријавувањето трае до 18 март 2015 година. Повеќе информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање се достапни на интернет-порталот за стипендии на Министерството за образование и наука www.stipendii.mon.gov.mk, како и на интернет-страницата на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, www.russia.org.mk.