Конкурс за најдобри креативни продукти и услуги

Креативци индивидуалци , здружанија на граѓани и компании кои делуваат и творат во областа на креативните индустрии од денеска ќе можат учествуваат на конкурсот за изработка на нови креативни производи и услуги што го објави ЈУЦОП „Универзална сала“ Скопје преку проект-платформата „Скопје креатива“ а поддржан од Град Скопје.

– Проектот „Скопје креатива“ е еден од важните приоритети на Градот Скопје, кој има за цел промоција, афирмација и создавање конкретни поризводи и услуги од оваа област, кои ќе бидат и се конкурентни на светскиот пазар. Идејата на овој проект, кој се реалзиира од македонската бизнис заедница, претставува посилно поврзување на креативните индустрии од една страна и бизнис заедницата од друга страна, со цел да се подигне свеста за значењето од ваквите соработки, а воедно и да се зголеми и профитабилноста на индустријата во целост, објасни градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Овој конкурс отвара големи можности за работа и ангажман за лицата вклучени во ваквите иницијативи, а се овозможува и посебно значење на уметничкото изразување во областа на креативната индустрија.

Четирите компании кои се вклучени во проектот „Скопје креатива“, ќе ги наградат најдобрите решенија.

За изработка на препознатлива маскота за „Вива“ соковите, најдоброто идејно решение ќе добие награда во висина од 18 илјади денари, за израбтка на софтверски продукт кој ќе може да се продава на пазарт и ќе има реална потреба во секојдневниот живот на граѓаните, компанијата „Инфинити солушнс“ од Скопје, најдобрите ИТ дизајнерите ќе ги награди со 20 илјади денари. Брендот на домашни македонски производи „Мама’с“ за изработка на уникатна и лесно монтажна полица за поставување на нивните производи на продажни места најдоброто решение ќе го награди со 18 илјади денари и можност за реализација на предлжениот проект.

Покрај нив, компанијата „Пакомак“ во соработка со проектот „Скопје креатива“ објавува повик до сите дизајнери за изработка на уникатна уметничка инсталација создадена од амбалажен отпад. Наградниот фонд за најдоброто избрано идејно решение изнесува шест илјади денари и можност за реализација.

Директорката на Унвиерзална сала-Скопје Вера Бошковска информираше дека покрај конкурсите од страна на бизнис секторот, креативци ќе можат бесплатно да се регистрираат на првата софтверска апликација која е база на податоци за целиот креативен потенцијал. Алатка, ќе претставува можност за директна соработка меѓу бизнис заедницата од една страна и креативците индивидуалци и здруженија од друга страна во промовирањето на креативните индустрии.

Сите заинтересирани физички и правни лица, може да се пријават за еден од понудените конкурси најдоцна до 27 октомври, 2014 година а дополнителни информации за начинот на аплицирање, кандидате може да добијат на официјалната веб платформа на проектот „Скопје креатива“ на www.skopjekreativa.mk .