Конкурс за најкул блог за почисто и поздраво Скопје

Организацијата „Еко Логик“ под покровителство на Град Скопје објави конкурс за најкул блог за почисто и поздраво Скопје на тема „Млади за одржливост“ како дел од проектот „Квалитетен живот и одржливост“.

Организаторите ги повикуваат сите средношколци од трета и четврта година да споделат сопствено искуство од секојдневието преку кое тие примениле некоја практика за заштита на животната средина, намалување на загадувањето или заштеда на енергетски извори.

Теми на конкурсот „Сподели лично учество“ се животна средина, исхрана, домаќинство и транспорт. Сите текстови може да се пратат најдоцна до 25 ноември 2015 година на ecologic.mk@gmail.com со наслов „за блог натпревар“.

За креаторите на најинтересните текстови и видеа следат награди. Победниците ќе бидат објавени на 7 декември 2015 година.